Не ви треба многу време, храна или додатоци во кујната за да подготвите вкусни тестенини. Комбинирајте лук, путер, лимон и босилек со тестенини по желба и направете фин ручек за само 15 минути.
Компоненти:
225 грама сушени тестенини
500 мл пилешка супа
4 чешниња лук
30 грама путер
20 грама рендан пармезан
1 лимон
неколку лисја свеж босилек
сол и бибер по желба
Подготовка:
1. Стопете го путерот во големо тенџере и на него кратко пропржете го ситно исечканиот лук. Додадете бибер по желба.
2. Истурете пилешка супа во тенџерето. Исцедете го сокот од еден лимон и додадете ја ренданата кора.
3. Додадете ги тестенините и измешајте сè добро, покријте ги и оставете ги да се готват на умерена температура околу 10 минути.
4. На крајот на готвењето, промешајте ги изренданиот пармезан и неколку лисја од босилек.
Пријатно!