Категории

Русин во балон поминал повеќе од половина пат околу светот

Kоњухов поминал повеќе од половина пат откако на 12 јули годинава полета од Нортем во Австралија во балонот полн со хелиум и топол воздух.

Неговиот син, Оскар Kоњухов, рекол дека 65-годишниот авантурист се бори со недостиг на сон, смрзнувачки температури и мраз во неговата маска за кислород.

Според процените на синот, балонот на Kоњухов поминал 20.000 километри до вчера, а му останува да помине уште 13.000 за да ја облета Земјата.

Балонот достига брзина од 300 километри на час и височини меѓу 5.000 и 8.000 метри, каде што температурите се до 40 степени под нулата. Прелетот почна на исток преку Австралија и продолжи кон Нов Зеланд, преку Тихиот

Океан до Чиле, Аргентина, Атлантскиот Океан, Јужноафриканската Република, Индискиот Океан и повторно назад до западна Австралија. Kоњухов треба да стаса во Австралија во недела, 12 дена од почетокот на патот.

Претходниот рекорд го оствари американскиот авантурист Стив Фосет, кој самостојно ја обиколи Земјината топка во балон за 13 дена и осум часа, во 2002 година.

Претходните авантури на Фјодор Kоњухов вклучуваат едрење околу светот, пешачење до Северниот Пол и до Јужниот Пол, искачување на Монт Еверест, како и веслање преку Тихиот Океан за 160 дена.

– Сакам да патувам, навистина. Имав 15 години кога тргнав во првата авантура. Тоа е мојот начин на живот – изјавирусинот за телевизијата АБЦ пред да полета.

Прегледи:
407
Објавено на:
21.07.2016