Категории

Руски милијардер го купил училиштето во кое учел како дете и го претвори во раскошна палата

За време на вашето школување, дали сте замислувале колку би било убаво ако училиштето што сте го посетувале не е стерилно и студено. Руски милијардер сонувал за тоа како дете. Со текот на времето, неговата имагинација се претвори во визија што ја реализираше по неколку децении и милијарди повеќе во својот „џеб“. Своето старо училиште во Екатеринбург го облече во ново луксузно одело.

Со златни лустери обесени на таванот, позлатени украси што ги покриваа sидовите и луксузни мермерни подови, оваа образовна институција веќе не личеше на училиштата од времето на Советскиот Сојуз од 40-тите години на минатиот век. Сето тоа благодарение на дарежливата донација на поранешниот ученик на ова училиште, Андреј Симановски, кој денес е успешен бизнисмен и кој реши да го исполни својот детски сон и да го претвори своето старо училиште во луксузна палата. Откако неколку дизајнери и блогери од Екатеринбург го критикуваа проектот за реновирање дека е премногу луксузен за училиштето и користи премногу кичести украси, градоначалникот Александар Високињски ја бранеше визијата на Симановски, велејќи дека тој прави барем нешто за локалната заедница.

Андреј Симановски се водеше од идејата дека со вакво училиште, учениците нема да имаат потреба да посетуваат места како Версај или Лувр и дека луксузните ентериери ќе создадат добро расположение за децата на прв поглед. Со лустери, мермерни подови, златни украси и тавани украсени со ангели, „училишната зграда сега повеќе личи на палата или музеј, отколку на редовно училиште“, објавија некои локални медиуми. Трансформацијата на училиштето има свои поддржувачи, но и критичари на социјалните мрежи. Некои велат дека стилот е кичест и помпезен, други мислат дека ќе ги научи децата да ја ценат убавината. Некои веруваат дека парите можеле подобро да се потрошат.

„Тие можеа да обноват и опремат десетици училишта на нормален, вообичаен начин со овие пари“ беше еден од коментарите.

Директорката на училиштето Марина Полиакова е задоволна од резултатите.

„Убавината кај луѓето предизвикува најблагородни емоции, некои од студентите плачеа со солзи кога го видоа ентериерот.“

Ова училиште не е прва образовна институција што има корист од великодушноста на Симановски. Претходно, тој донираше тоалет од мермер и злато на Државниот економски универзитет во Урал.

Прегледи:
606
Објавено на:
28.03.2021