Категории

Сѐ што треба да знаете за жените родени во знакот на Бик: Харизматични, силни и неодоливи!

Одлучни, упорни, доследни, реалистични, стабилни, бекомпромисни, своеглави, издржливи, толерантни, одговорни, грижливи, способни, силни, шармантни и фокусирани. Сите овие епитети ги опишуваат женските Бикови!

Сепак, нивната најголема сила лежи во двата победнички квалитети што ги поседуваат, а тоа се чувствителноста и трпеливоста. Жените Бикови се мирни, но тоа не значи дека се наивни. Тие имаат цврсто мислење за сѐ што се случува околу нив, а ако некој ги премине границите, ќе го разбуди нивниот огнен темперамент.

Сепак, жените Бикови одбегнуваат да го покажуваат нивниот темперамент, бидејќи во животот се стремат кон рамнотежа и сигурност. Ја сакаат природата, но не се авантуристи и не преземаат ризици, бидејќи не знаат да се носат со неочекуваните промени. Подобро функционираат во рутина и едноличност. И покрај тоа, тие брзо учат од животните искуства и никогаш не ги повторуваат истите грешки од минатото. Во продолжение дознајте сѐ за жените родени во овој моќен хороскопски знак…

Секс и љубов

Станува збор за еден од најверните и најпосветените хороскопски знаци. Во љубовта никогаш не изневеруваат и секогаш најпрво добро го запознаваат партнерот пред да се впуштат во сериозна врска. Мажите кои сакаат ја освојат жената Бик мора постојано да ѝ се додворуваат и да ја заведуваат. Тој што ќе успее да дојде до нејзиното срце, ќе добие многу, бидејќи припадничките на овој знак се многу грижливи и подготвени се да направат сѐ за љубовта. Тие кои имале можност да имаат жена Бик покрај себе ја опишуваат како волшебна љубовница.

Жените Бикови честопати ги изненадуваат партнерите со нивната виртуозност во креветот. Тие се страсни и нежни. Го разгалуваат партнерот во спалната соба, но и надвор од неа. Љубовните игри сакаат да ги зачинат со секси разговори и лукаво заведување. Во љубовта најмногу се сложуваат со Раковите, Девиците, Јарците и Рибите.

Пријателство

Дали имате пријателка од детството која во споменарот од основно училиште ви напишала „Најдобри пријателки засекогаш“? Ако и години подоцна сѐ уште сте најдобри пријателки, постои голема веројатност дека се работи за жена родена во знакот Бик. Припадничките на овој знак многу сериозно ги сфаќаат нивните пријателства, ги негуваат и несебично им се посветуваат.

За возврат, тие очекуваат да добијат исто толкава лојалност од пријателите и во тој случај пријателството навистина може да трае засекогаш. На жените Бикови не им треба цела толпа пријатели, бидејќи ним им е важен квалитетот, а не квантитетот. Ако не им се допаѓа некој, попрво ќе го игнорираат отколку да започнат караница.

Надворешен изглед

Жените Бикови ќе ги препознаете по нивните големи и експресивни очи со спуштени капаци, полни сензуални усни, тенок, елегантен врат и широк граден кош. Вратот е нивниот најсилен адут, па затоа честопати го истакнуваат со ѓердани, синџирчиња, шалови и марами. Градбата на телото име обично покрупна и најчесто се со средна висина. Нивното лице има четириаголен облик и рамни црти додека, пак, главата им е тркалезна. Имаат мали уши, а некои од нив имаат дупче на брадата. Носот им е обично пократок со подигнат врв и проширени ноздри. Нивниот поглед е благ и нежен, поради што припадниците на машкиот пол не можат да му одолеат на шармот кој зрачи од нивните очи. Поголемиот дел од Биковите можат да се пофалат со одлично држење, па така и на постари години изгледаат младолико, свежо и силно.

Стил

Жените Бикови купуваат само квалитетна облека, а познати се и по нивната склоност кон брендови. Во шкафот на типичните женски Бикови секогаш ќе можете да најдете костим сошиен по мерка, бидејќи овие жени знаат дека облеката која им стои совршено никогаш нема да излезе од мода. Тие се практични, отмени и суптилни, а тоа може да се забележи и од изборот на боите меѓу кои најмногу преовладуваат неутралните тонови, како што се беж и каки со кафеави или златни нијанси. Сепак најдобро им стојат розовата и зелената боја.

Што се однесува до фризурата и шминката, нивен заштитен знак се „зачадените очи“ и долгата, раскошна коса. Омилени им се производите кои на косата ѝ даваат волумен и пријатен мирис.

Начин на купување

Жените Биковите никогаш не лутаат низ продавниците, туку одат само во нивните омилени каде што знаат дека ќе најдат облека по нивен вкус. Притоа, тие внимателно проучуваат од каков материјал се изработени алиштата, бидеќи евтината синтетика не доаѓа предвид! Тие имаат и една симпатична навика: Секогаш ги мирисаат материјалите за да се уверат дека се природни и квалитетни.

Познати дами родени во знакот Бик

33-годишната глумица Џесика Алба е родена токму во знакот Бик. Сите жени се восхитуваат на нејзината убавина и стил на облекување кој е многу едноставен, па затоа е и многу лесно да се копира. Џесика знае дека одлично ѝ стојат неутралните и пастелни бои, па затоа во нејзините модни комбинации најчесто преовладуваат такви нијанси. Но, таа не ја одбегнува и розовата боја, како и облеката со цветни дезени која жените Бикови ја обожаваат.

Други познати дами родени во овој хороскопски знак се актерките Кејт Бланшет, Пенелопе Круз, Ума Турман и Меган Фокс.

Не постои сомнеж дека жените Бикови се навистина посебни и неверојатни!

Прегледи:
741
Објавено на:
27.04.2020