Категории

Сакал да го преплива Атлантикот, но потоа му се остварил најголемиот ноќен кошмар

На пливачкиот маратонец и поранешен полицаец Бен Хупер му се остварил најголемиот ноќен кошмар, додека се обидувал да го исполни својот најголем сон, да го преплива Атлантскиот океан. “Го каснала” многу опасната медуза “португалски брод”, или тн. физалија.

Хупер останал делумно парализиран, има оштетен говор и многу низок притисок. Бен својот авантуристички потфат го започнал пред 22 дена, а и пред тоа кажал дека се плаши од морски животни како медузи и ајкули.

Несреќата која му се случила ја споделил и на својот профил на Фејсбук: “Мојот најголем кошмар се оствари. Ме нападна физалија. Почувствував неопислива болка на целата десна страна од телото, од увото до ножниот прст. Очите ми се превртеа. Делумно сум парализиран. Говорот ми е оштетен. Се борев да останам свесен. Крвниот притисок ми беше 80/40 пред да ме стабилизираат. Ова е сериозно”.

Докторите му забраниле да влегува во море во наредните 48 часа, за детално да ја оценат неговата состојба.

Краците на оваа медуза можат да пораснат преку 9 метри и нивниот “убод” може да биде смртоносен за човекот. Отровот на оваа медуза многу лесно може да предизвика срцеви проблеми и во некои случаи отежнато дишење.

За да постави официјален светски рекорд во пливање преку Атлантикот, Хупер на авантурата тргнал од Дакар во Сенегал во ноември, а патот би требало да трае околу четири месеци, и да заврши во Натале на североистокот на Бразил.

Идејата му била да плива по 12 часа дневно, при што пресметал дека ќе мора да внесува околу 12.000 калории дневно за да ја задржи силата.

 

Прегледи:
324
Објавено на:
09.12.2016