Категории

Сакала да провери колку и е дечкото верен, му наместила згодна плавуша и настанал хаос! (ВИДЕО)

Оваа девојка се посомневала во верноста на својот дечко и одлучила да ја тестира неговата посветеност, а за таа цел и помогнала екипата од Јутјуб серијалот „To Catch A Cheater“.

Актерката Џејми Вестра му пришла на нејзиниот дечко и му се пожалила дека дечкото со кој требала да се состане не се појавил. Згодната Џејми облечена во комбинезон со длабоко деколте, започнала разговор со него, отворено флертувајќи. Во еден момент му рекла дека личи на популарниот пејач Реј Џеј и го поканила да се дружат, а тој веднаш прифатил.

Кога го прашала дали има девојка, одговорил дека нема и додал дека денес е тешко да ја најдеш вистинската. Сето тоа го слушала девојката со која е во врска веќе една година.

Бидејќи и било тешко да поверува дека дечко и би ја изневерил така лесно, ја наговорила водителката да договори останок со него преправајќи се дека е Џејми.

Кога излегле на состанок, неговата девојка Моника се појавила и ги затекнала заедно. Тој ги запознал ноншалантно. Моника го полила со вода и си отишла, а тој и се извинил на актерката поради односот на неговата „луда поранешна девојка“.

Кога излегле надвор го дочекала и го нападнала барајќи објаснување, а се кулминирало кога ја оставил на улицата и истрчал до својот автомобил.

Погледнете како изгледало сето тоа:

https://www.youtube.com/watch?v=QQi0WT61wD4

 

 

 

Прегледи:
473
Објавено на:
13.03.2018