Категории

Сакам луѓе кои не покажуваат лажна величина, луѓе кои се онакви какви што се

Таквите луѓе имаат слух за твоите проблеми, грижи, сомнежи, стравови. Таквите луѓе ќе те слушаат без да размислуваат за себе и она што сакаат да ти го кажат. Да бидеш во нивна близина е драгоценост.

Не мораш да мислиш многу што ќе им кажеш нив, на кој начин ќе им кажеш, каков ќе испаднеш пред нив. Тие те разбираат што и како и да им кажеш, кај нив е се едноставно. Таквите луѓе имаат слух за твоите проблеми, грижи, сомнежи, стравови. Таквите луѓе ќе те слушаат без да размислуваат за себе и она што сакаат да ти го кажат. Да бидеш во нивна близина е драгоценост.

Сакам луѓе кои не покажуваат друго лице од она кое го имаат, такви луѓе му се потребни на овој свет повеќе од било што друго, свет кој е полн со игри и улоги во кои секој се обидува да му се допадне на другите, да биде подобар од нив, и не бира начин на кој ќе го направи тоа, не бира зборови кои ќе го остварат тоа. Сакам луѓе кои ќе ти го кажат она што го мислат затоа што и тогаш кога немаат што да кажат повторно ќе се чувствуваш пријатно во нивна близина.

Сакам луѓе кои имаат насмевка на лицето и тогаш кога во себе водат многу битки, луѓе кои ќе ти пружат рака и тогаш кога и сами во себе паднале, луѓе кои не прават пресметки кога да ти помогнат затоа што зад тоа се крие некој друг интерес. Сакам луѓе кои не се плашат да пуштат солза и да заплачат кога животот ќе ги турне на земја.

Сакам луѓе кои својот образ не го продаваат нити купуваат. Со таквите луѓе можам да стојам со денови без да кажам нити збор, едноставно уживам во нивното друштво. Таквите луѓе нема да те критикуваат ако направиш нешто лошо, тие ќе ти покажат со свој пример. Такви луѓе ни требаат, само со такви луѓе можеме да одиме напред.

Прегледи:
405
Објавено на:
07.01.2020