Категории

Сакаш тој да трча по тебе? Направи ги овие работи и ќе биде како маѓепсан

Машкиот начин се разликува од женскиот начин во поголем број на работите кои ги правиме, особено кога е во прашање љубовта.

Кога работите ќе тргнат по надолница, мажите се опуштаат и едноставно повеќе не се трудат (затоа што тие веќе не освоиле), а жените пак на тоа реагираат со страв од разделба. Стравот кај жените предизвикува посесивност, праќање на преголем број на пораки, правење  паники и слично, на што пак мажите реагираат со повлекување, затоа што имаат чувство дека се во затвор. Наместо постојано да ја правите истата грешка и го тргате од себе, доколку сакате повторно да се труди околу вас, префрлете се на машкиот начин ан размислување.

Игнорирајте го

Кога мажите тоа го прават, тие тоа го прават ненамерно – тие едноставно имаат работи за кои размислуваат почесто и приоритети кои ги сметаат за поважни од вас. Знаеме дека звучи грозно, но тоа е така. Наместо да го милите за повеќе внимание, направете нешто што не го очекува – одземете му го вниманието кое до сега сте му го давале. Доколку не се запраша, тогаш повеќе не е заинтересиран.

Правете работи кои ви се важни на вас

Кога почнал да ве освојува, веројатно освојувал жена која има полно свои работи и малку време за него. Сега кога го добил вашето време, веројатно има потреба многу помалку или воопшто да не се труди затоа што знае дека може да ве има кога и да посака. Ако му  го одземете времето и му дадете до знаење дека и понатаму треба да се труди ако сака да  ве види, тој ќе има впечаток дека повторно ја освојува истата жена која ја освојувал претходно.

Дајте  му простор

Наместо со постојано дружење постојано да се обидувате да му ја вратите страста која некогаш ја покажувал, направете го спротивното – тргнете се од него и дајте му простор кој мисли дека го сака.  Поголем број на жени на ова гледаат како почеток на крајот – но ако на мажот му треба простор, значи дека повеќе не е заинтересиран – но тоа најчесто не е така. Еднаш кога ќе почувствува дека не го држиш на синџир, ако ве сака ќе се врати на старо.

Прегледи:
2173
Објавено на:
16.07.2016