Категории

Сакате да ја добиете работата? Еве како да оставите добар впечаток!

Понекогаш може да биде тешко да дојдете до работата која ја посакувате, а неретко е тешко да дојдете и до самото интервју.

Доколку веќе имате само една можност да заблескате, послушајте ги овие совети и оставете одличен прв впечаток и зголемете ги шансите да ве вработат.

1. Подранете 10-15 минути пред состанокот

Сите знаат дека каснењето на состанок може да биде непоправливо лошо, но не е добро ни да дојдете прерано. Разговорот со работодавачот открива дека е најдобро да дојдете 10-15 минути порано. Ако се појавите порано од тоа, постои шанса да го исфрустрирате менаџерот одговорен за вработување, со обзир на тоа дека веројатно е зафатен и со други обрски.

2. Бидете пристојни кон рецепционерот

Очите се насекаде, особено на рецепција. Некои шефови практикуваат да разговараат со рецепционерите во врска со нивниот прв впечаток за кандидатот, за да дознаат како се однесувал пред интервјуто. Тоа што ќе го каже рецепционерот може да влијае врз крајната одлука.

3. Гледајте во очи при првата средба

Кога потенцијалниот работодавач ќе ви пријде да се поздрави, задолжително гледајте го во очи. Погледот кој „лута“ не остава добар впечаток.

На едно истражување учесниците имале задача да гледаат луѓе кои прв пат се запознаваат како разгоараат едни со други, а потоа ги оценувале колку интелигентно делуваат. Резултатите покажале дека луѓето кои го гледаат соговорникот во очи изгледаат поинтелигентно од оние кои избегнуваат контакт со очите.

4. Не се ракувајте млитаво

Невербалната комуникација е голем дел од впечатокот кој го оставате на другата личност. Оние кои цврсто се ракуваат, имаат подобри опции за вработување.

5. Бидете опуштени доколку работодавачот реши да разговара со вас на небитни теми

Истражувањата покажуваат дека наизглед неважниот разговор пред започнување на сериозните прашања од интервјуто можат многу да влијаат врз впечатокот кој го оставате. Се покажало дека комуникативните личности, но не и навалентните, подобро проаѓаат кај работодавачите, бидејќи делуваат поотворени и пријателски настроени.

6. Понесете дополнителни копии од вашето резиме

Секако, работодавачот ќе има дигитален примерок од вашето резиме, но олеснете му ја работата – понесете дополнителни копии. Ова ќе биде корисно во случај доколку на состанокот присуствува уште некоја личност, која можеби не стигнала да се подготви за вас.

7. Поставувајте прашања кои можат да го водат разговорот понатаму

Не е нужно да чекате личноста која ве интервјуира да ве праша дали имате прашања за него. Постојат некои прашања кои би можеле да ги поставите на почетокот на разговорот. На пример: „Како се отвори оваа позиција?“- тоа може да доведе до тоа работодавачот да почне да раскажува, а вие да соберете информации за тоа работно место.

Прегледи:
398
Објавено на:
02.04.2018