Студените денови бараат и соодветна облека, а нема зошто не би изгледале тренди и шик во ролка. Некои девојки бегаат што подалеку од нив, но тука ви нудиме инспирација за како тоа го прават славните тренди девојки.
Ема Робертс
Ролка која ја оцртува фигурата во комбинација со добро здолниште е одлина шик и топла комбинација.
Ешли Бенсон
Слоевита комбинација, со мантил без ракави врз топлата ролка. Во комбинација со шик ташничка за преку рамо и ретро очила е одлична комбинација за дневна прошетка низ градот.
Џиџи Хадид
Доказ дека ролката е одлична и во спортски комбинации.
Кејт Босфорт
Софистициран изглед со ролка во интересен дезен, со шик панталони и еспадрили.
Кендал Џенер
Неутрални бои, џинс и долго палто за ретро изглед.
Лили Олдриџ
Лежерен стил, со светла ролка во комбинација со тесни црни панталони и црни чизми. Со оваа комбинација нема утка.