Категории

Сакате да носите тесна облека? Тогаш добро погледнете го ова…

Фотографот Џастин Бартелс покажа импресивни фотографии во неговиот проект IMPRESSION – она што му го правиме на нашето тело со тесните алишта и чевли.

Дали редовно облекувате тесни фармерки или пак го собирате стомакот за да го навлечете омиленото здолниште? Таквото непотребно оптоварување честопати ги уништува жените кои сакаат да изгледаат ,,добро” по секоја цена.

      

Но, зошто, зошто?! Не може ли да изгледаме добро во фустан, здолниште или панталони – број поголем и поудобен? Можеме, се разбира, ТРЕБАМЕ- и тоа без никакви видливи траги!

Токму тоа сакаше да го посочи Џастин Бартелс од Сан Диего со неговиот проект IMPRESSION. Тој ги фотографирал жените откако носеле премногу тесни парчиња облека.

Прегледи:
509
Објавено на:
23.03.2018