Категории

САКАТЕ ДА НОСИТЕ ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ НА БОСА НОГА: СО ОВОЈ ТРИК ЌЕ ОСТАНЕТЕ ВО НИВ СО ЧАСОВИ!

Пред вас е сезоната на забави – и би било тажно вашата радост да ја уништи болката која ја чувствувате од оние прекрасни нови чевли со висока пета, кои толку убаво ви стојат.

Забавата, сепак, не мора да заврши тука, доколку го пробате овој трик кој го сподели жена која долго време се занимава со чевли и пишува за нив, Меган Клири.

Таа советува дека кога ќе ја почувствувате оваа позната болка предизвикана од чевлите, направете го следново: одете во тоалет, соблечете ги чевлите и пуштете студена вода во мијалникот да тече малку на едната, малку на другата нога. Потоа, на сеуште влажни стапала нанесете малку лосион за тело. Немојте целосно да ги сушите стапалата, туку малку влажни повторно вметнете ги во чевлите.

“На овој начин можам да останам во чевлите уште четири часа и да не чувствувам болка. Сепак, само треба да внимавате на тоа, кога повторно ќе ги облечете чевлите, нозете да не бидат многу мокри, само благо влажни”, вели Меган.

Прегледи:
405
Објавено на:
19.05.2018