Категории

Сакате да се стекнете со нови вештини и знаење? Сакате да ги пресликате вашите идеи во проект? Ова е решението за вас!

Сакате да научите како да ги пресликате вашите идеи во проект? Сакате да стекнете нови вештини и знаење? ИНК ДООЕЛ Ве информира дека на 29 јуни и 06 јули, 2019 година ќе се одржат обуки на тема:

– Вовед во ЕУ фондови и анализа на процесот на аплицирање за грант (1 степен) – 29.06.2019 година
– Вовед во ЕУ фондови и основните елементи на грант за аплицирање (2 степен) – 06.07.2019 година


Обуката вклучува и практичен дел за пишување на проекти како и 1 ден бесплатно менторство (со ограничени 4 часа ) за финализирање на апликацијата за добивање на грантови од една од програмите на ЕУ како и други донатори, кои во моментов се отворени и / или наскоро ќе се најавуваат.

Обуката се одржува во периодот од 10.00 до 18.00 часот во просториите на ИНК ДООЕЛ во Скопје (центар).

Цената на обуката е 5.500 денари (ИНК ДООЕЛ не е ддв обврзник). По завршувањето на обуката, на учесниците им се доделува сертификат и се закажува 1 ден бесплатно менторство, кој е пресметан во целосната сума.

Плаќање на котизацијата треба да се направи веднаш по поднесувањето на пријавата за учество на жиро сметката на ИНК ДООЕЛ најдоцна две ден пред одржување на обуката.

Експертите од тимот на ИНК ДООЕЛ, имаат богато искуство и иако станува збор за нова фирма на пазарот во текот на 2019 година за своите клиенти имаат успешно добиени грантови, како:

Erasmus + Sport за Агенција за млади и спорт 

Предлог бизнис план за AVRM/UNDP; поддршка за самовработување

Ангажирани за предлог проекти за следниве институции:

  • ЕЦ Генијалци
  • Општина Бутел
  • Општина Дорјан
  • Зелена Лупа
  • Аква Пливачки Клуб
  • Здружение Ајнштајн
  • Здружение Ластовица
  • Здружение АСПЕКТ
  • Здружение Аналитика
  • Тинк Танк (Канадејски фонд) – и многу други.

Овие позитивни вести даваат уште поголем мотив за работа. Им честитаме на сите експерти на ИНК ДООЕЛ и за големиот број на обуки низ државата.

Бројот на учесници е ограничен, во интерес на квалитетот на обуката. Ве молиме да се пријавите на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSepRtLTt2x4NtVhKFgSCpwGsgeDR1Ho2vnViZdOEd-YlkfdsQ/viewform

За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 075 681 068 или на е-маил адресата [email protected]