Категории

Само еден трик ќе ви открие дали купените јаболка се прскани со отрови

(ВИДЕО) Луѓето кои живеат во урбаните средини обично не можат да набават непрскани јаболка.

Од друга страна, јаболката што ги купуваме во продавниците често се обложени со слој од восок.

Производителите го прават ова за да го направат овошјето подолго употребливо, но многу луѓе се изненадени од количината на восок што се наоѓа на јаболката, особено ако се земе предвид дека повеќето не се ни свесни за овој процес на складирање на овошје. За да проверите какви јаболка купувате, направете го следниот експеримент – прелијте неколку јаболка со многу врела вода.

Оставете ги да отстојат – ако се покриени со восок ќе се покаже на нивната површина. За да го отстраните восокот ќе ви треба сода бикарбона, сок од лимон и млака вода. Измешајте ги состојките, а потоа натопете ја четката за заби во смесата и добро истријте.

Прегледи:
786
Објавено на:
20.02.2022