Категории

Само едно е важно во животот – Да бидеш сам на себеси свој херој

Во свет кој постојано се обидува да те потсети кој треба да бидеш, исправи се, храбро покажи му дека ќе бидеш она кое што ти сакаш да бидеш.

Ти си индивидуа која има свој пат, своја приказна и свои соништа. Ти си уникат на многу начини, немој да им веруваш на оние кои ти зборуваат дека не си доволно добар, дека не поседуваш нешта кои се потребни за да ги оствариш своите соништа. Сите сме пристигнале на овој свет со празни раце, а единственото нешто кое ти е потребно за да ги оствариш е само силна волја и верба во себеси.

Немој да се чувствуваш притиснато од општествените верувања и очекувања. Вдиши длабоко, верувај, ти си токму на вистинскиот пат на кој треба да бидеш – ова е твое патешествие, ова е твој живот.
Потребно е многу храброст за да бидеш она што си и да им се спротивставиш на сите кои сметаат дека треба да исполнуваш некои замислени идеали. Потребно е многу храброст за да се исправиш и да се избориш за себеси и својата среќа, не ти е потребна ничија поддршка нити верба, се додека на патот до успехот ја држиш цврсто сопствената рака. Навивај за себе, секој ден, секогаш!

Прегледи:
581
Објавено на:
27.06.2020