Категории

Само едно нешто ви е потребно за да бидете моќни

Моќта им е дадена само на оние кои се осмелуваат да посегнат и да ја дофатат. Само едно нешто е важно, само едно – да бидеш во состојба да се осмелиш.

Фјодор Михајлович Достоевски бил голем руски книжевник познат како еден од првите претставници на психолошкиот реализам во европската книжевност. Неговите најпознати романи се „Злосторство и казна“ и „Браќата Карамазови“.
Во продолжение ви ги споделуваме едни од неговите и ден денес најцитирани мисли и пораки.

„ Моќта им е дадена само на оние кои се осмелуваат да посегнат и да ја дофатат. Само едно нешто е важно, само едно – да бидеш во состојба да се осмелиш.“

„Човекот е склон да ги набројува своите неволји, но никогаш не ги набројува своите радости. Кога би ги набројал онака како што тие заслужуваат, ќе увиди колку всушност среќа има во животот.“

„Некого подобро е да го имаш во непријатели отколку во пријатели. Ништо на светот не е потешко од искреноста и нема ништо полесно од ласкањето.“

„Ако си успешен во нешто или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат или ќе те мразат.“

„Никој не се вратил да живее во минатото. Затоа не мисли на минатото, само гледај во иднината.“

„Ако си се упатил спрема целта и во текот на целиот пат постојано застануваш да го гаѓаш секое куче кое лае на тебе, никогаш нема да стигнеш до целта.“

„Кога богатството е изгубено – ништо не е изгубено. Кога е здравјето изгубено – скоро се е изгубено.“

„Со што и да ја покриете гнасотијата, таа сепак останува гнасотија.“

„Ако при секоја пријателска услуга веднаш мислиш на благодарност, тогаш не си дарувал туку си продал.“

„Тоа е мистеријата на човечкиот живот, старите таги, со текот на времето постепено, преминуваат во мирни радости.“

„Сите идеали на светот не вредат за една солза на едно дете. Никогаш не превземајте ништо додека ве држи бесот.“

Прегледи:
485
Објавено на:
07.01.2020