Категории

Само оние кои вистински ве сакаат ќе ги видат солзите сокриени позади вашата насмевка

Се надевам ќе ги пронајдете луѓето кои можат да ја видат болката позади вашата насмевка, оние што знаат што се крие зад вашата тишина и оние кои ќе ја видат љубовта преку вашиот гнев. Оние кои ќе ве разберат и ќе ви простат кога сте биле бледа претстава за себе. Оние што остануваат кога очекувате дека ќе си заминат. Се надевам дека сте опкружени со вистинските луѓе. Не оние кои се тука само кога се е сјајно, туку оние што остануваат кога сте толку преоптоварени што не можете ниту да ја изразите својата болка со зборови.

Се надевам дека ќе ги најдете луѓето што прават да се чувствувате сакано и кога се чувствувате ужасно. Оние кои никогаш нема да ве натераат да се сомневате во вашата вредност. Оние со кои можете да бидете искрени и кои ќе бидат искрени веднаш кај вас. Се надевам дека ќе ги најдете оние што ќе ви ги срушат sидовите, а сепак остануваат откако ќе ги видат лузните на вашата душа.

Оние кои ќе се трудат да ве сакаат и кога сте најтешката личност за сакање. Оние што ќе ве уверат дека се ќе биде во ред кога се што гледате е темнина. Оние што ќе се смеат со вас додека не ве заболат образите. И оние што ќе ве гушкаат наместо да ве судат кога плачете бидеќи не можете да ги воздржите солзите во себе,

Се надевам дека ќе ги најдете луѓето кои никогаш нема да ве натераат да чувствувате дека вашата љубов е премногу, и луѓето кои ќе ве прават приоритет дури и кога не е погодно. Во свет што може да биде суров, посакувам да ги најдете луѓето што ќе ве натераат да се чувствувате како да не сте сами. Верувајте ми кога велам дека дури и ако се чувствувате како остров во моментов, не сте сами – само треба да ги пронајдете своите луѓе.

Прегледи:
508
Објавено на:
21.09.2021