Категории

Само овие две нешта можат да го уништат човекот: Мудрости на Руми кои ќе ви ги отворат очите!

Џелалудин Мухамед Руми бил писател, правник, исламски ученик, теолог и учител. Неговите мудрости и цитати ни векови подоцна не губат на тежина и значење.

„Сум видел многу луѓе кои немаат одело на себе, но и многу одела без луѓе“

„Не можат да се разберат оние кои говорат ист јазик. Ќе се разберат само оние кои делат исти емоции.“

„Страстите се како оган, а желбите како дрва. Оганот се гаси кога ќе остане без дрва, а страста кога нема да и се исполнат желбите.“

„Ако една свеќа потпали друга, нема да ја изгуби својата светлина.“

„Биди учен колку сакаш, но знај дека тебе ти припаѓа само онолку колку ќе те разбере твојот соговорник.“

„Прекумерната посета вознемирува, а недоволната го уништува пријателството.“

„Заливањето на овошјето е правда, а заливањето на трњата насилство. Правдата е кога благодетот ќе го ставиш таму каде што му е место. Затоа внимавај што заливаш и немој да мислиш дека заливањето на секој корен е благодет.“

„Две работи го уништуваат животот на човекот: предавството од страна на пријателот и милоста од страна на непријателот.“

„Откривање тајна на личност која многу сака да зборува е исто како ставање вода во нараснато тесто.“

„Јас своите пријатели не ги сакам ни со срце ни со разум. Бидејќи се случува срцето да застане, а разумот да заборави. Јас ги сакам со душа, бидејќи душата ниту старее, ниту заборава.“

„Најпрво воспитај го своето срце, па потоа и јазикот. Бидејќи зборовите доаѓаат од срцето, а излегуваат од устата.“

„Не го разубавувај твоето тело, туку срцето и душата. Бидејќи надворешноста е она во кое гледаат суштествата, а внатрешноста она во кое гледа Создавачот.“

„Кога разумот ќе се здружи со друг разум, светлоста се зголемува, патот се осветлува. А кога егото ќе се здружи со друго его, темнината се зголемува, а патот се помрачува.“

„Имињата не се важни. Ружата би мирисала и кога би се викала поинаку.“

„Не е чудно кога овцата бега од волкот, но чудно е кога ќе се заљуби во него.“

„Дури и солзата има своја должност. Нејзината должност е да го исчисти теренот за насмевката која доаѓа по неа.“

„Три работи практикувајте малку, а една многу: – малку јадете, малку говорете, малку спијте, а многу размислувајте.“

„Таму каде што секој исто размислува, таму никој не размислува многу.“

„Или потполно ќе го отвориш срцето за љубов или воопшто не го отворај! Во љубовта нема сиви бои. Кога се работи за љубовта, мора да се определиш за црно или бело…“

„Не се нервирајте што одам со подигната глава! Страв ми е само да не се сопнам на вашиот образ кој се наоѓа на патот.“

„Што е криење на љубовта? Тоа е нешто како криење на огнот во волна и памук. Колку повеќе ја криете, толку повеќе ја откривате.“

„Ако ни е чашата мала, немаме право да го обвинуваме морето.“

„Големината на сите срца е иста, но големината на духовноста која се наоѓа во нив е сосема различна.“

„Не го посакувај животот на други луѓе, бидејќи има многу луѓе кои го посакуваат твојот живот.“

„Љубовта е како „кривична пријава“, а болката и патењето за саканата личност како „сведок“. Залудно е да тужите некого ако немате сведок! Секое тврдење мора да се докаже!“

Прегледи:
2269
Објавено на:
30.11.2021