Категории

Само пред вистинската љубов паѓаат сите маски, само таа ја цени реалноста и тогаш кога не е убава!

Само пред вистинската личност нема да имате потреба да се сокривате себеси и вашата ранливост, таа ќе го цени тоа!

Зборовите се најдобрата маска која луѓето ја ставаат тогаш кога не можат да ја поднесат вистината за себеси. Никогаш немојте да дозволите да ве измами нивната слаткоречивост додека нивните дела молчат.
Тие маски нема да траат долго и немојте да бидете изненадени кога сите тие кули кои ги граделе во воздухот одеднаш ќе се срушат.

Но порано или подоцна животот ќе не донеси пред некого пред кого ќе сакаме да бидеме вистинските ние, со сета ранливост, несовршеност и грубост. Затоа што вистинската љубов не препознава скриени лица кои треперат пред искреноста. Пред вистинската љубов сите маски паѓаат и тогаш сфаќаме дека сокривањето цело време било бесцелно.

Тогаш целиот живот се менува затоа што конечно се појавува некој кој ја цени релноста и умее да ги сака сите несовршености и скршени делови кои не можат да се поправат. И во тоа е убавината и вистината.

Прегледи:
599
Објавено на:
20.04.2020