Категории

Самсунг ја претставува целосно новата Галакси Ј серија

Самсунг електроникс денес ја најави новата Галакси Ј серија. Hовите Галакси J7, J5 и J3 ќе понудат високи перформанси со неверојатен метален дизајн на куќиштето и подобрена технологија на камерата, за ултра пристапна цена.

Галакси Ј7 се одликува со премиум метално куќиште и со целосен HD супер AMOLED екран, батерија со подолг век на траење и 3GB RAM меморија. Како и моделите J5 и J3, Галакси J7 им нуди поедноставено искуство на корисниците. Моделите J7 и J5 исто така се опремени со напредна камера со висока резолуција од 13 мегапиксели предна камера и 13 мегапиксели задна камера со LED блиц, која им помага на корисниците да фотографираат јасни и изострени фотографии, дури и во услови на слабо осветлување.

Со понатамошното унапредување од претходната палета, Галакси J7 и J5 исто така имаат и скенер за отпечаток од прст. Покомпактниот Галакси J5 се одликува со супер-стилско, целосно метално куќиште и целосен HD супер AMOLED екран за фантастично доживување при гледањето содржини.

Со унапредената предна камера од 13 мегапиксели и проширената меморија со micro SD која подржува повеќе од 256GB, корисниците можат лесно да фотографираат и да ја зачувуваат содржината која е важна за нив.

Побрзиот 1.6GHz процесор го прави Галакси J5 помоќен од кога и да е до сега. Галакси J3, како и другите два модела, се одликува со масивно метално куќиште кое одговара на елегантниот дизајн на остатокот од портфолиото.

Паметниот телефон може да зачува содржини, исто колку и J7 и J5 моделите, поради поголемиот капацитет до 16GB и унапредената 2GB RAM меморија, како и да фотографира подобри фотографии од претходно, благодарение на подобрената 13 мегапиксели задна камера со прецизен авто-фокус.

J3 исто така ја вклучува безбедносната платформа Самсунг Нокс правејќи ја содржината на вашиот телефон најбезбедна.

„Галакси J серијата е од нашите најдобро продавани палети смартфони во Европа. Уверени сме дека новата Галакси Ј серија со напредениот дизајн, извонредната технологија на камерата и карактеристиките со високи перформанси ќе продолжат да ги привлекуваат постојаните и новите потрошувачи кои бараат прекрасни дизајни и моќни паметни телефони од премиум бренд по прифатлива цена”, изјави Павле Зобунџиј, директор на Одделението за телекомуникации, Адриатик регион, Самсунг електроникс.

Галакси J7 и J5 ќе бидат достапни во Европа од јуни, а Галакси J3 ќе биде достапен во јули.

 

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
432
Објавено на:
09.06.2017