Категории

Сара Џесика Паркер овие чевли ги нарече ‘патики’

Кога ќе помислите на Сара Џесика Паркер, сигурно веднаш помислувате на ‘Кери Бредшо’ а кога ќе помислите на Кери Бредшо, дефинитивно помислувате на чевли. Затоа воопшто не не чуди што славната глумица ја искористи својата популарност во серијата „Сексот и градот“ како би креирала сопствена модна колекција насловена како ‘SJP Collection’.

Сара Џесика за викендот на своите следбеници на Intagram им го претстави најновото парче од својата колекција – патики, но тоа е само како таа ги нарекува.

Чевлите од колекцијата се всушност балетанки именувани како Meteor а цената им изнесува 255 долари, а како што вели популарната актерка „светкаат како ноќно небо.“

Прегледи:
252
Објавено на:
30.05.2017