Категории

Саша Ковачевиќ со концертна турнеја низ Македонија

Миленикот на женската популација, Саша Ковачевиќ по спектакуларниот концерт кој го одржа на 19-ти март во „Вип Арената“ во Скопје пред 12.000 публика најавува ексклузивна концертна турнеја на која македонските фанови премиерно ќе можат да ја слушнат новата песна која го носи насловот „Замало твој“ со потенцијал да стане вистински летен хит, како и сите досегашни песни на популарниот српски пејач.

На барање на своите фанови во Македонија, Ковачевиќ летово ќе биде во Македонија. Концертната турнеја започнува на 24-ти јуни од Битола, каде на омиленото „Ракометно игралиште“ на битолчани ќе се одржи првиот концерт. Веќе на 1-ви јули спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе биде премала за да ги собере сите кои сакаат да уживаат со неговите хитови.

Хитовите како „Случајно“, „Лапсус“, „Ноќ до подне“, „Браним“, „Где смо моја љубави“ и многу други во живо Саша Ковачевиќ ќе ги отпее пред струмичани на 2-ри јули во спортската сала „Парк“ за каде се најавуваат големи изненадувања за присутната публика. Турнејата ќе се заокружи со најголем концерт во салата „Билјанини извори“ во Охрид на 31 јули каде публиката покрај новата песна, ќе може да слушне и голем број македонски евергрини во интерпретација на Саша Ковачевиќ.

Сите концерти започнуваат во 21 часот, а билетите во ограничена количина ќе можат да се набават од среда (8-ми јуни) по промотивна цена на сите стандардни продажни места.

Прегледи:
370
Објавено на:
04.06.2016