Категории

Саудиска Арабија го гради најголемиот и најбрз ролеркостер на светот кој ќе достигне брзина од 250 km/h

(ВИДЕО) Ролеркостер што се гради во близина на Ријад во Саудиска Арабија ќе ги сруши сите рекорди, и по висина и по должина и брзина.

Falcon’s Flight ролеркостерот ќе биде главната атракција во забавниот парк Six Flags Qiddiya што ќе се отвори во 2023 година. Ќе биде долг четири километри и ќе се спушта по карпа висока 160 метри, а ќе достигне брзина поголема од 250 км на час. Возењето ќе трае три минути и ќе овозможи прекрасен поглед, а во исто време ќе може да уживаат до 20 лица. Во паркот ќе има 28 атракции, изградбата започна во 2018 година и е на 40 минути возење од Ријад.