На 19. ноември пристигнува помрачувањето на Месечината во Бик, а астролозите велат дека ова ќе биде еден од најмоќните астро периоди во оваа година. Силно ќе влијае на секој од нас, а особено тоа ќе го почувствуваат Биковите.
Еве како ќе влијае тоа на секој знак посебно:
Овен
Непредвидливата Месечина ве повлекува во желба за ризик, но никако не е добро тоа да биде ризик во финансиска смисла. Чувајте се од непредвидени трошоци и не си играјте со ризични инвестиции.
Бик
Помрачувањето на Месечината во вашиот знак ќе означува голема метаморфоза. Ќе научите нови работи за себе и својот карактер, но и на луѓето кои ве опкружуваат. Работите кои ги сметавте прикриени ќе излезат на виделина!
Близнаци
Иако сте склони кон авантури и сакате промени, ова помрачување на Месечната не ви одговара. Бидете мирни за да не доживеете непријатност, бидејќи ова е необичен пероиод за вас. Обидете се да се опуштите и повеќе време да поминете дома со драга личност.
Рак
Помрачувањето е во вашата 11. куќа и ќе се одрази на вашето пријателство. Внимавајте што зборувате, за да не откриете нешто што не сакате. Од друга страна, во вас ќе се разбуди желба да бидете миротворец и можеби ќе посредувате во нечие смирување кое веќе долго време го „мачи“ вашиот круг на пријатели.
Лав
Вашата работа и успех се во сенка на помрачувањето, спремете се за големи промени. Моменталните проекти неочекувано или ненадејно ќе завршат, можни се губитоци на работа, но тоа ви отвора нови патишта. Ако бидете вредни и внимателни, ќе добиете нова прилика!
Девица
За Девиците овој период ќе биде посветен на остварување на желбите кои ги имаат одамна. Ѕвездите велат, само напред, што и да се случи – романса, нова работа или дури некоја активност или хоби за кое долго време мечтаете!
Вага
Ќе се чувствувате како да сте развиле суперхеројски моќи, како да ги читате мислите на луѓето и го гледате дури и она што е длабоко скриено. Оваа изразена интуиција ќе ја зафати секоја сфера на вашиот живот, ќе ја препознаете вистината во љубовта и ан работа. Но, сосема е друго прашање дали таа вистина ќе ви се допадне…
Шкорпија
На вашата врска најмногу ќе влијае помрачувањето на Месечината, пред вас е голем период на интроспекција. Погледнете во себе и откријте што навистина сакате од врската моментално. Ако не сте задоволни време е за промени, а ѕвездите велат дека во наредниот период пристигнува и нова љубов.
Стрелец
Вашата рутина ќе се промени од корен, иако инаку сакате сѐ да е уредно и средено, одеднаш ѕвездите ве фрлаат во неистражени територии. Без разлика дали станува збор за на работа или дома, пронаоѓате нови начини да извршите сѐ што треба и од вас избива креативност.
Јарец
Помрачувањето на Месечината се одвива во вашата петта куќа, на креативноста и романтиката. Страста ќе се покаже на два начина – најпрво во спалната соба, а потоа и во вашата желба конечно да се бавите со нешто креативно. Искористете ги двата налети на инспирација!
Водолија
Се наоѓате сред емотивна семејна драма, или некоја лична битка која ја водите однатре. Помрачувањето е на небото, но во вас е светлина која сите тие работи ги осветлува и носи на виделина. Соберете сила и пресметајте се со нив, единствено така ќе можете да растете и напредувате.
Риби
Необични откритија и односи ќе бидат во овој период. Дознавате нешто што ви отвора неверојатна можност. Ѕвездите велат да ги вклучите сите сетила, да отворите четири очи, за да не пропуштите важна информација. Дури кога ќе знаете што е, ќе знаете кој е вашиот следен чекор.