Категории

Се отвара најлудиот хотел на светот – Гостите ќе можат да спијат покрај лавови и да појадуваат со жирафи

Првото нешто на што ќе помислите кога ќе ги видите сликите од хотелот е дека тој се наоѓа некаде во Африка, веројатно во некоја далечна резерва за сафари. Вистина е дека хотелот и резерватот Порт Лимпн е во срцето на Велика Британија и дека, и се очекува да биде отворен оваа година а веќе резервациите се пополнети.

Ова е затоа што хотелот е дел од резерватот каде што живеат животни како жирафи, тигри, лавови и носорози. Додека сте во хотелот, ви се нудат исклучително необични можности за нови животни искуства. Така наутро, додека појадувате, можете да го нахраните семејството жирафи, кое ќе ги истегне главите низ вашиот прозорец и ќе побара залак.

Вечерта имате можност да спиете во вистинско лавовско дувло опкружено со овие животни. Хотелот досега има 9 000 резервации, иако сè уште не работи.Цените се во согласност со искуството, па едно ноќевање во семејна соба чини од 300 до 2000 евра.

Прегледи:
626
Објавено на:
14.03.2021