Новиот онлајн музеј посветен на историјата на мобилните телефони ќе биде отворен во ноември и ќе претставува повеќе од 2.000 еединствени мобилни телефони од 200 различни произведувачи.
Музејот го создал стручњакот за мобилни телефони Бен Вуд, со цел понатаму ова да прерасне во физички изложби за да можат што повеќе луѓе да ја видат колекцијата на мобилни телефони.
Онлајн музејот ќе ги претстави првите мобилни телефони, големи и тешки уреди кои беа одвај преносливи, заедно со најновите преклопни паметни телефони, како и најсовремените фото и видео камери.