Категории

Се породи Кејт Мидлтон: Ова е полот на нејзиното бебе!

Кејт Мидлтон се породи денес во Лондон, во една приватна болница во која ги роди и другите две деца. Таа во придружба на нејзиниот сопруг утрово е примена во оваа установа, кога добила болки.

Таа се породила во 11 часот и 1 минута и на свет донесе уште едно момче. Пораѓањето поминало во најдобар ред и мајката и детето се чувствуваат одлично – стои во соопштението од палатата.

Јавноста дозна за раѓањето на уште еден наследник преку Твитерот на Кенсингтонската палата, радувајќи ја цела Велика Британија со среќната вест.

Кејт и Вилијам се до породувањето го чуваа во најстрога тајна полот на бебето, а според правилата на наследување на круната, новородениот принц би имал предност во однос на својата постара сестра Шарлота. Меѓутоа, правилото за пристрасност кон машките потомци е укинато, што значи кралските деца сега го наследуваат престолот според редоследот на раѓање.

Новородениот принц ќе биде шестти во низата за наследување на круната. Сега сите со нетрпение чекаат Кејт и Вилијам да го објават името на новородениот син.