Категории

Се раѓаш како оригинал, немој да умреш како нечија лоша копија!

Кога си лоша копија на некој друг, никој нема да те забележи!

Кога луѓето почнуваат да се плашат да бидат она што се. Кога се чувствуваат помалку вредни, кога веруваат дека другите вредат повеќе од нив и заслужуваат подобро, голем дел од животот се мачат со тие комплекси од пониска вредност. Затоа сите тие луѓе почнуваат да се однесуваат како некој друг, некој во кого воопшто не пронаоѓаат сличност но сметаат дека тоа е единствениот начин да се издигнат и докаат. А на тој начин всушност претвораат во нечија бледа копија.

Кога си лоша копија на другите, тогаш веќе престануваш да постоиш. Ти си само некој кој ја изгубил својата индивидуалност, си станал играчка а не играч. Тогаш повеќе немаш свои ставови, го губиш сето она кое те прави посебен, и веќе не живееш за своите соништа нити за себеси.

Кога си лоша копија на другите тоа е знак дека веќе не се почитуваш себеси, веќе немаш никаква вредност, и стануваш потполно „бесплатен“ така што им дозволуваш на другите да те користат.

Самите одлучуваме дали ќе бидеме лоша копија на некого или оригинал. Не можеме да кажеме дека некој не присилил затоа што самите имаме избор. Кога си лоша копија, никој нема да те забележи, нити да те пофали за тоа.
Запомни, се раѓаш како оригинал и немаш друг избор освен да бидеш ти, сите останати се веќе зафатени!