Категории

Сè што не знаевте за парфемите

Се верува дека примитивното производство на парфемите започнало со согорување на растителните смоли, со цел да се добие мирис за религиозните церемонии. Затоа не изненадува што зборот „парфем“ е изведен од латинскиот „per fumum“, што значи „преку чадот“.

Еден од првите записи за употребата на парфемите потекнува од Египет. Кога гробот на фараонот Тутанкамон бил отворен во него се пронајдени повеќе од 3.000 шишенца парфеми, чиј мирис не се изгубил дури ни после 3.000 години!

Парфемите се користеле и во 17-тиот век, во палатата на кралот Луј XIV, за да се скрие смрдеата која се ширела поради недостаток на хигиена. Познато е дека кралот Луј XIV двапати се капел во својот живот и мирисал многу непријатно. Поради тој факт неговите фармацевти создадоа парфеми за да ја скријат смрдеата.

Еден од првите познати парфеми е Шанел бр.5, кој го создаде Ернест Бео во 1921 година, за модната икона Габриел Коко Шанел.

Денес постојат околу 500 фирми за произведување на парфеми во светот, кои произведуваат околу 11.000 видови парфеми.

Прегледи:
617
Објавено на:
26.12.2018