Категории

Сè што треба да знаете за трчање – совети за почетници

Еве што сé треба да знаете ако сте почетници во трчање. Прво и основно правило е дека не можете да очекувате чуда на почетокот, особено ако сте биле физички неактивни долго време.

Најдобро е, пред да почнете со трчање, да се движите брзо во одредени интервали. Со текот на времето намалувајте ги интервалите на брзо одење и зголемите ги оние кога ќе почнете со трчање за да можете да трчате континуирано. Кога сте почетник помалку е важно темпото, а повеќе континуитетот. Важно е да не ги скокате тренинзите. Најдобро е да се трчате 4 пати неделно.

Професионалните тренери велат дека постепено треба да се гради темпото. Ова значи дека не треба веднаш да почнете со брзо, експлозивно трчање, бидејќи лесно ќе ја изгубите силата, затоа што вашето тело сè уште не ја достигнало потребната температура. Во ниту еден момент не треба да почувствувате слабост. Најдобро е да почнете побавно, а потоа постепено да забрзувате, за да завршите со најбрзото темпо.

Секогаш треба да си поставите цел. Ова е многу важно. Кога, на пример, ќе успеете да истрчате 5 километри, обидете се да си определите нови критериуми. За да го следите вашиот напредок, предлагаме да водите дневник за трчање, каде ќе внесувате километража и други параметри.

И за крај, она што веќе го знаете. Никако не смеете да го прескокнете загревањето, најмалку 5 минути, пред да почнете да трчате.