Категории

Се успал на Black Friday? Најапсурдните ситуации за време на најголемиот шопинг ден

“Black Friday” е најпознатиот ден за купување во годината проследен со многу интересни случки кои се случуваат кога трговските центри се отворени речиси 24 часа. Вработените се сведоци на најразлични искуства: добри, лоши и чудни.

Идвојуваме неколку од најапсурдните приказни кои се одвивале на “Black Friday” на сите времиња.

Човекот кој ја преспа распродажбата

Ако се успиеш – губиш. Со нетрпение чекајќи го овој ден, овој купувач одлучил да преспие се до 2 часот наутро кога бил договорен со својот пријател да го започнат “Black Friday” од самиот почеток, но ненамерно се разбудил дури следниот ден. Единаесет пропуштени повици, пет говорни пораки и неколку аларми биле потребни да го разбудат за да фати дека го преспал целиот ден.

А што ако снема струја?

Позната продавница за електроника останала без електрична енергија час и половика за време на “Black Friday”. Купувачите не можеле ниту да купат, а ни да вратат било што од производите, па поради тоа немале избор освен да седат во темница и да чекаат.

Жената која не знаеше дека е “Black Friday”

Мислејќи дека се работи за обичен петок како сите други, една госпоѓа се упатила во трговскиот центар за да купи батерии за својот телефон. Пред да си оди зачудена од големата гужва, ја запрашала вработената дали секогаш е толкава гужва во нивната продавница.

Прегледи:
419
Објавено на:
23.11.2017