Категории

#СедиДома и вежбај CrossFit со Жарко Батиќ! (ВИДЕО)

Поради моменталната вонредна состојба предизвикана од ширењето на COVID-19, спортскиот клуб CROSSFIT Скопје, овозможи видеа на својот YouTube канал Crossfit Skopje со специјални Crossfit вежби за да можат сите заинтересирани да вежбаат од своите дневни соби секој ден, освен недела, додека траат мерките на изолација.

Тренерот Жарко Батиќ како дел од тимот на CROSSFIT Скопјe ќе се погрижи секојдневно да им претстави едноставни домашни вежби кои ќе помогнат во одржување на физичката спремност на сите оние кои сакаат да останат “ФИТ” во овие денови на изолација.

Видео вежби ќе бидат објавувани секој ден, освен недела, додека траат мерките на изолација. Истите ќе бидат објавувани преку социјалните медиуми на НЕОТЕЛ ДОО и CROSSFIT Скопје како и директно на телевизиската платформа neoTV на НЕОТЕЛ.

Стиснете „subscribe“ на официјалниот YouTube канал на Crossfit Skopje и поминете го времето дома продуктивно исполнето со динамични и корисни вежби.

Прегледи:
827
Објавено на:
31.03.2020