Ако сè уште сте тажни што раскинавте и барате начин да ја надминете врската, каква и да била – вие сте на вистинското место. Подолу се дадени неколку цитати што можат да ви помогнат!
Рози, спонтани патувања и пешачење покрај река … Сепак, по некое време сè започнало да оди надолу. На крајот, сепак, решивте дека треба да одите понатаму и да оставите сè зад себе. Но, емоциите си се емоции и времето поминато со поранешната сакана личност не е лесно да се заборави.
„Вистинската љубов се движи слободно во двата правци. Не трошете време на ништо друго. “- Шерил Бегдај
„Немојте да бидете во врска каде што ви е забрането да бидете такви какви што сте.“ – Опра
„Прво сакајте се самите себе, сè друго само ќе дојде.“ – Лусил Бол
„Ако врската не може да трае долго, зошто би вредела за моето време и енергија на краток рок?“ – Николас Спаркс
„Она што е скршено, скршено е – попрво би ја паметел (врската) како што навистина беше, отколку да ја составувам и да ги гледам скршените делови додека сум жив.“ – Маргарет Мичел
„Врските завршуваат, но не и вашиот живот.“ – Стив Мартин
„Секој има лоша врска. На крајот на денот, тие се само одличен начин да ве подготват за добрата врска што следи. “- Ен Хатавеј