Категории

Седум неделно бебе прв пат ја слуша мајка си, а реакцијата е непроценлива

Пресладок момент кога ова седум неделно бебе за прв пат јасно ќе го слушне гласот на мајка си и братот, откако и добила помагало за слушање. 

Лајла има насмевка од уво до уво откако ќе ја слушне мајка си како и вели „Здраво Лајла“, радоста на бебето е очигледна како и на семјеството.

Лајла била родена во мај со оштетен слух, но имала среќа и набрзо добила помагало за слушање. Нејзината мајка раскажува дека ова е првиот момент кога и се обратила на Лајла откако го добила помагалото, а реакцијата е бесценета кога малото бебе сфаќа дека ја слуша мајка си.

 

Прегледи:
476
Објавено на:
19.10.2017