Категории

Роналдо го купи својот прв хотел во Монте Карло

Португалецот неодамна призна дека по крајот на кариерата ќе се занимава со некои други работи, а како основа изгледа дека тоа ќе биде ланецот хотели CR7.

Фудбалерот овие денови имаше уште една богата инвестиција затоа што одлучи да купи хотел во Монте Карло.

Роналдо овој хотел го плати неверојатни 140 милиони евра, а го купи од Доналд Трамп и Алесандро Прота кои беа сопственици.

Ова не е прв пат Роналдо да има бизнис со кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп бидејќи пред неколку месеци купи апартман во зградата на Трамп во Њујорк за сума од 18,5 милиони долари.

Прегледи:
515
Објавено на:
27.01.2016