Категории

Секогаш вистински избор: Овој тренд ќе ги воодушеви дамите!

Цветните егзотични принтови на гардеробата се предвесниците на пролетта и летото, а оваа сезона заедно со нив одат и точките!

Големи, мали, на шеширите, на марамите, сандалите, на кошулите, па дури и на костимите за капење – каде и да погледнете, ќе видите точки. Овој женствен и по малку старински тренд ќе ги израдува сите оние дами на кои им здодеаја пругастите модели, а цветните дезени за нив се премногу нападни. За да поститнете ретро изглед, облечете парчиња облека со точки.

Класиката е секогаш во мода, па најзастапени се црните на бела подлога и обратно, но секако и другите бои се во игра. Препораката на дизајнерите е да бидете храбри и да искомбинирате карнери и точки за потполно романтичен ефект, а ако сте сепак љубителка на сигурните комбинации – долг фустан со точки никогаш не може да биде погрешен избор.

Овој тренд го прифатија сите славни убавици, па ако ги прелистате модните магазини или Инстаграм профилите на манекенките, актерките, пејачките и водителките, насекаде ќе ве дочекаат парчиња облеки со точки.

 

 

Прегледи:
423
Објавено на:
26.06.2018