Категории

Секој ден патува во 100 километри да продава риба за да ѝ помогне на својата болна сопруга

Неверојатно е колку далеку одат некои луѓе за да им помогнат на своите најблиски. 64-годишниот Мд Зин Ахмад секојдневно оди многу далеку во буквална смисла на зборот. Секој ден, човекот патува повеќе од 100 км за да продава солена риба. Неговата цел е да заработи пари за неговата болна сопруга.

Јавноста го запозна овој човек во 2018 година, кога еден новинар го интервјуираше и тој ја сподели неговата тажна приказна. Тој ја напушта својата куќа од 8 часот наутро за да го фати автобусот до Мелака за да може да се издржува себеси и неговата болна сопруга. Тој носи околу 100 пакувања солена риба кои ги продава и тоа е негов извор на приход.

Тој има четири возрасни деца, но инсистира да продава солена риба, бидејќи тој не сака да им биде товар, со оглед на тоа дека тие имаат свои семејства. Тој вели дека сѐ би направил за неговата 73-годишна сопруга, Фатима Мд Саид која е болна.

Иако Г-дин Зин има дијабетес и висок крвен притисок, тој вели дека тоа не е проблем затоа што тој има лекови за да ја контролира својата болест. Овој човек претставува вистински пример и мотив за многумина дека кога сакаш некого подготвен си навистина да направиш сѐ.

Прегледи:
473
Објавено на:
25.11.2019