Категории

Секој хороскопски знак има по 3 лица: Кое е вашето?

Ова е главната причина зошто две личности кои се родени во ист знак не се исти. Хороскопот по декадите кои се пред вас е најпрецизниот од кој било друг хороскоп и ги открива вашите особини, карактери и судбините… Зодијакот по должина се состои од 360 степени, се дели на 12 знаци, а секој знак има точно 30 степени, кои може да се поделат на три еднакви делови од по 10 степени. Овие делови се нарекуваат десеттини или декади.

 

Десеттините се доделуваат на знаците од ист елемент, кои припаѓаат на оној знак од чиј дел се. Така декадите во знакот Овен се поврзани со Овенот, Лавот и Стрелецот, значи сите три десеттини ги претставуваат огнените знаци. Со секоја декада владее владар на оној знак на кој е доделена, па во претходниот пример, со првата десетина владее Марс (Овен), со втората Сонцето (Лав) и со третата Јупитер (Стрелец). Секоја декада има свое значење и можеме дополнително да го појасниме карактерот на личноста и неговите склоности.

ОВЕН

Прва декада (21.03 – 30.03)

Владар – Марс

Полни сте со енергија, страст и ентузијазам. Животот ви е преполн со изненадувања и потфати што го будат адреналинот, а она што ви недостасува се трпението и самоконтролата. Во љубовта сте ненадејни, брзо пламнувате, но уште побрзо емоционално се гасите. Внимавајте на главата, забите, очите и ушите.

Втора декада (31.03 – 10.04)

Владар – Сонце

Вие сте роден лидер, сакате доминантни улоги, чекорите со подигната глава, ја чувате гордоста и уживате во прекрасните комплименти од околината. Великодушни сте и дарежливи. Имате многу пријатели и активен социјален живот. Поседувате талент за заведување.

Трета декада (11.04 – 20.04)

Владар – Јупитер

Активни сте и приземни. Тежнеете кон високи и угледни позиции во општеството и на работното место. Вие сте голем авантурист и истражувач. Способни сте да ги остварите вашите идеи. На работниот пат ве чекаат успех и пари, а на интимниот брак од љубов.

БИК

Прва декада (21.04 – 29.04)

Владар – Венера

Поседувате природни убавина, шарм и сензуалност. Има нешто во вас кое ги привлекува луѓето во вашата близина. Сакате музика, мода, вкусна храна и избрано вино. Еротични сте, заводливи и не можете да си го замислите вашиот живот без партнер и љубов.

Втора декада (30.04 – 09.05)

Владар – Меркур

Комуникативни сте, елоквентни, можете да бидете успешни во областа на пишувањето, дизајнот, маркетингот и односите со јавноста. Имате многу хобија. Рано започнувате да заработувате за живот. Вашите врски главно започнуваат од пријателство и важно ви е со партнерот да делите исти интереси.

Трета декада (10.05 -20.05)

Владар – Сатурн

Амбициозни сте. Многу ви значи материјалната сигурност и професионалниот успех, па целата енергија ја вложувате во тоа. Многу сте упорни, тврдоглави и неприлагодливи. Не се препуштате на чувствата.

БЛИЗНАЦИ

Прва декада (21.05 – 31.05)

Владар Меркур

Комуникација, образовни установи, забавна индустрија и работа во медиуми се само дел од областите во кои би можеле да остварите успех. Зборлести сте, духовити, симпатични, сакате да ви се восхитуваат поради знаењето, а и гестикулацијата ви е жива. Чувајте ги нервите.

Втора декада (01.06 -11.06)

Владар – Венера

Уживате во заведувањето, знаете како да им се допаднете на другите, секогаш сте во центарот на случувањата, имате многу познаници, а малку вистински пријатели. Ги следите модните трендови. Долгата врска често ви досадува.

Трета декада (12.06 – 20.06)

Владар – Уран

Интелигентни сте, информирани, ве привлекуваат луѓе со цврст карактер и необичен начин на размислување. Имате многу таленти и можете да работите повеќе работи истовремено. Ја сакате вашата слобода и не е лесно да се задржите на едно место. Врските ви се полни со подеми и падови.

РАК

Прва декада (21.06 – 30.06)

Владар – Месечина

Романтични сте, чувствителни и интуитивни. Верни сте на семејството и традиционалните вредности. Вашето расположение во текот на денот се менува неколкупати. Фантазирате и се грижите за оние кои ги сакате. Ги криете чувствата, ранливи сте и се плашите од емоционални повреди.

Втора декада (01.07 – 11.07)

Владари – Марс и Плутон

Во детството се повлечени и срамежливи, а во зрелата доба се претвораат во самосвесни војници, не дозволувајќи да ги навредуваат и омаловажуваат. Тешко се носат со бурата од емоции и страсти кои ги кријат од останатите. Великодушни се, чувствителни, понекогаш арогантни и провокативни.

Трета декада (12.07- 22.07)

Владар – Нептун

Вие сте уметничка душа и животот ви е незамислив без добра книга, танц, музика… Го сакате морето и водата, бидејќи тоа ве опушта. Склони сте кон илузии, особено кога ќе се заљубите. Не ве плаши самотијата, но стравувате од губењето на љубовта и саканата личност.

1 2 3

Прегледи:
986
Објавено на:
05.04.2017