Категории

Секој хороскопски знак има по 3 лица: Кое е вашето?

ЛАВ

Прва декада (23.07 – 02.08)

Владар – Сонце

Театрални сте, знаете да се наметнете, да привлекувате внимание, да заведете, да покажете самосвест. НЕ поднесувате авторитети, иако својот со задоволство го наметнувате на другите. Сакате деца, игра, забава, убави работи и живот на висока нога. Чувајте го срцето и крвниот систем.

Втора декада (03.08 – 12.08)

Владар – Јупитер

Великодушни сте, оптимистични и забавни. Знаете да ракувате со парите и по правило тие лесно доаѓаат во вашиот живот. Имате високи морални принципи, ја цените вистината и искреноста. Еден дел од животот можете да го поминете во странство. Низ животот имате многу љубовни врски.

Трета декада (13.08 – 22.08)

Владар – Марс

Енергични сте, страсни, активни и одлучни. Не поднесувате монотонија и секогаш сте во потрага по некои нови искуства. Тешко ги контролирате чувствата, а љубовниот живот ви е бурен и непредвидлив. Најголемата опасност за вашето здравје е лудиот и стресен ритам на живот.

ДЕВИЦА

Прва декада (23.08 – 02.09)

Владар – Меркур

Многу размислувате, долготрајно анализирате, сѐ сакате да испланирате и ништо не оставате на случајност. Го цените квалитетот и совршеноста. Се обидувате да го дадете најдоброто од себе. Вие сте голем работохоличар. Ги смирувате чувствата и никогаш не се заземате за себе.

Втора декада (03.09 – 12.09)

Владар – Сатурн

Делувате ладно и испланирано, ги контролирате емоциите и честопати сте претерано сомнителни и внимателни. Ги сокривате чувствата во страв дека можете да бидете повредени. Рационално располагате со парите. Важна ви е финансиската стабилност, и не се потпирате многу на емоциите.

Трета декада (13.09 – 22.09)

Владар – Венера

Педантни сте, со добар вкус, секогаш добро облечени и пристојно дотерани. Имате смисла за дипломатија, не сакате грубост и се обидувате со сите да бидете љубезни. Добри сте во вашата работа. Бегате од интензивните чувства, а партнерот го набљудувате со критички очи.

ВАГА

Прва декада (23.09 – 02.10)

Владар – Венера

Имате волшебна насмевка, неодолив шарм, а со убавите зборови ги отворате сите врати. Бракот и љубовта ви се исклучително важни. Едноставно не знаете, но и не можете да бидете сами. По природа сте необични и несамостојни. Често се занимавате со работа која е поврзана со убавина или жени.

Втора декада (03.10 – 12.10)

Владари – Уран и Сатурн

Зад љубезната природа се крие силен карактер. Без разлика колку пати животот ќе ве удира, вие секогаш ќе останете на своите нозе. Вие сте како железна рака во кадифена ракавица. Кога ќе ве налутат, знаете да бидете опасни и немилосрдни. Амбицијата може да ве одведе на патот на работните успеси.

Трета декада (13.10 – 22.10)

Владар – Меркур

Можеби животот не ве галел, но ве одвел на патот на самоостварувањето и личниот развој. Надарени сте за музика, танц и глума. Долго ја задржувате младоликоста и виталноста.

СКОРПИЈА

Прва декада (23.10 – 02.11)

Владар – Марс

Често имате исклучителни способности, понекогаш и натприродни. Имате силен карактер, страсни сте и секогаш желни за предизвици и докажување. Знаете да бидете чувствителни и љубоморни. Можете да се занимавате со стресна или ризична работа. Во љубовта не сте многу верни.

Втора декада (03.11 – 12.11)

Владар – Нептун

Без разлика колку тешко ги преживувате емоционалните бури, на вас тоа нема да биде видливо. Имате голема моќ на самоконтрола, но и харизма. Во една животна фаза можете да се насочите кон мистицизам. Длабоко сте интуитивни, креативни и интелигентни.

Трета декада (13.11 – 21.11)

Владар – Месечина

Задоволни сте со себе, но и многу мечтовите и чувствителни. Зрачите со сексапил, заведувате со погледот на кој е невозможно да се одолее. Иако знаете да се однесувате самодеструктивно, можете да поминете низ тешки животни кризи, а имате и голема способност за регенерација. Неуништливи сте.

1 2 3

Прегледи:
987
Објавено на:
05.04.2017