Категории

Секој хороскопски знак има свој клуч на среќа: Откријте кој е вашиот?

Стрелец

1. Зборувате отворено, искрено и слободно – луѓето ве ценат поради тоа.

2. Имајте верба во себе и секогаш пробувајте нови работи, вашите желби се менуваат во зависност од животната фаза.

3. Задолжително воведете си некоја редовна физичка активност во животот, движењето ви е неопходно.

4. Помалку внимание посветувајте на материјлното и немојте да се трупате со работи кои всушност не ви се потребни.

5. Не се согласувајте на помалку во љубовта – подобро бидете сами, бидејќи љубовта ќе ви дојди кога најмалку ќе очекувате.

Јарец

1. Во секоја работа и задача давајте се од себе, ќе постигнете се што ве прави вистински задоволни.

2. Градете го својот карактер и искушувајте го – откажете се од цигарите, нездравата храна и почнете да вежбате.

3. Немојте да се плашите да бидете сами и практикувајте да поминувате квалитетно време сами со себе.

4. Вежбајте спонтаност без планирање, допуштете си го себеси она што срцето ви го сака.

5. Помагајте им на другите без размислување, тоа ве прави подобар човек и се враќа.

Водолија

1. Водете повеќе сметка за своите финансии, направете план кон кој ќе се држите ипробајте да штедите – така ќе се чувствувате поодговорни.

2. Не ги менувајте пријателите пречесто и ценете ги луѓето кои ве сакаат, возбудата од новите пријателства чество ви ја заматува перспективата.

3. Потребна ви е поголема физичка активност – како трчање или нешто што целосно ќе ве исцрпи.

4. Не бегајте од проблемите – тоа е ваша најголема маана.

5. Чувајте се од пороци и луѓе кои ве поттикнуваат на нездрав живот.

Риби

1. Бидете отворени за нови искуства – патувања, врски и работни понуди.

2. Слушајте ги другите и дајте им совети, поради тоа многу ќе ве ценат.

3. Не се обидувајте премногу да им угодувате на другите, посебно на љубовниот партнер, со тоа можете да го изгубите чувството за сопственото “јас“.

4. Вежбајте одговорност и задајте си задачи кои ќе мора да ги исполните.

5. Во стресни ситуации не бегајте, туку соочувајте се со проблемите.

1 2 3

Прегледи:
900
Објавено на:
28.01.2017