Категории

Секој и сѐ доаѓа во нашиот живот со причина

Не го доживувајте животот премнигу сериозно. На крај никој не останува жив. Смејте се. Глупирајте се. Искористете ја можноста и забавувајте се. Животот е тука да го искористите на најдобар можен начин.

Среќата доаѓа однатре

Премногу време во животот трошиме на барање на среќата, која честопати се обидуваме да ја материјализираме, односно ја бараме во предметите, а среќата е ништо друго освен избор.

Ценете сѐ

Ценете го доброто, лошото и грдото. Целиот свет е прекрасен дар. Уживањето, болката, солзите и смеењето се цел од животот и треба да го цените тоа.

Малите промени носат многу промени

Само преку малите промени во перцепцијата може да се остварат многу промени во животот. Кога сте лути, повредени или се плашите, погледнете ја ситуацијата на друг начин.

Не можете сите околу вас да ги направите среќни

Ако сакате да бидете среќни, треба да запомните дека среќата на другите луѓе не зависи од вас. Посветете го своето време на оние кои вистински ги сакате, а не на оние за кои се преправате дека ги сакате.

Светот е нашето огледало

Она што го сакаме во другите е рефлексија на она што го сакаме во себе. Она што нас не вознемирува кај другите луѓе е често она што не вознемирува кај нас самите.

Секој и сѐ доаѓа во нашиот живот со причина

На нас е да бидеме отворени за лекциите кои треба да ги добиеме. Колку е некој кон вас побезобзирен, толку лекцијата е поголема, а вие треба сѐ да паметите и да забележувате.

Повредените личности ги повредуваат луѓето

Сакајте ги без обзир на сѐ. Но, потполно е прифатливо да ги сакате од одредена дистанца, секако, ако вам ви е така полесно.

Понекогаш ги надраснуваме пријателствата

Не е важно дали биле добри или лоши. Тоа значи дека едноставно сте на поразличен пат. Сакајте ги, но ако почнат да ве влечат надолу, време е да се поздравите со нив на пријателски начин.

Искажувајте ја вашата љубов

Љубовта никогаш не може премногу да ја покажувате. Вашето време, вашето присуство и грижа за одредени личности е најубавиот дар кој може да го подарите.

Не сте центар на универзумот

Можеби вашето его понекогаш ви кажува поинаку. Заборавете на таквиот начин на размислување и согледајте го животот од перспективата на другите луѓе.

Годините не се важни

Годините се само број, а она што се крие позади годините сте вие. Никогаш нема да бидете помлади од сега. Уживајте во тоа, сакајте се себеси и славете ги своите години.

Прегледи:
847
Објавено на:
08.11.2021