Категории

СЕКОЈА ЧЕСТ: Му го удрил автомобилот, па сега преку Фејсбук го бара сопственикот за да му ја плати штетата!

На фејсбук групата Ѕид на сообраќајниот срам, еден дечко напиша еден несекојдневен текст, во кој тој пишува дека го бара дечкото на кој му го удрил автомобилот.

Во продолжение прочитајте што тој напиша …

Денеска околу 12 часот на паркингот спроти Рамстор со моето возило Volvo XC 60 темно црвена боја закачив темносино возило (мислам дека беше Хјундаи) кое исто така беше во движење. Со момчето излеговме и увидовме дека нема голема штета, само мала гребнатинка на мојот преден браник.
Но, откако и двајцата продолживме со возилата видов дека јас всушност сум му направил поголема штета на неговата задна десна врата. Бидејќи веќе се оддалечивме еден од друг, а хаос беше од гужва на улицата, никако не можев да го алармирам за тоа. Тој се оддалечи од мене, а не ни ја запомнив неговата регистрација.
Затоа АПЕЛИРАМ до сите што евентуално ќе дознаат за тоа дека нивен пријател со Хјундаи имал незгода спроти Рамстор да му посочат на момчето да ме контактира во инбокс за да се најдеме, да пополниме европски записник, за тој да може да си ја поправи штетата на автомобилот, со оглед на тоа што јас бев виновен за незгодата…
ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ

Прегледи:
316
Објавено на:
28.03.2016