Категории

Секоја изневерена жена треба да го запомни ОВА!

Мамењето е една од најлошите работи што може да се случи во долга врска или брак и секако е нешто што не се поднесува толку лесно. За некои, ова е целосно невозможно. Штом се случи мамење, се губи доверба во партнерот. Ако ви се случило ова (или ако некогаш ви се случи), запомнете ги следниве работи.

Никогаш не сакајте да бидете како тие жени. Затоа што не треба да ги намалите сопствените стандарди за да станете такви. Тие се такви затоа што им треба површно внимание за да преживеат. Вие сте достојни за вистинска љубов, а не за нешто површно.

Не го барај во некој друг…Сакате да се оддалечите што е можно повеќе од него. Да, вие го сакавте, но има многу повеќе во животот, освен човек кој ги става своите емоции пред вашите.

Не плашете се од она што го изгубивте со него. Но, радувајте се на она што ќе го добиете и ќе го постигнете во животот без него. Човек кој ја става сопствената себичност пред срцето на својата сопруга, воопшто не е вистински маж. Верувајте, тој е во загуба, не вие.

Не е твоја вина. Ништо не можете да направите за да го спречите тоа. Тој го сторил тоа заради сопствената незрелост и од страв да сака зрела  жена како вас.

Постојат луѓе кои те сакаат. Тие те сакаат толку многу што ќе направат се што е во нивна моќ да ја ублажат болката што ја чувствуваш. И ќе ти кажат колку си прекрасна и дека навистина не вреди да се биде тажен и скршен поради некој кој бил толку глупав да ја заборави љубовта што сте му ја дале и кој се однесувал толку кукавички поради сопствената себичност.

Прегледи:
719
Категории:
Љубов и секс
Објавено на:
07.11.2020