Категории

Секојдневни нешта со кои самите себеси си го одземате духовниот мир

Никој не е совршен, нели? Колку и да се трудите да живеете чист и едноставен живот, понекогаш токсичноста се провлекува низ пукнатините на вашата секојдневна рутина или вие самите несвесно ја пуштате во вашиот живот.

Што точно е токсично однесување и како тоа влијае на вас? Следниве шест шаблони се најчести и ви го одземаат душевен мир.

Озборувања
Така прават сите. Некои во помала мера, а некои во поголема мера. Но, дали знаевте дека ова однесување покажува дека сте или несигурни или љубоморни? Што недостасува во вашиот живот што чувствувате потреба да се занимавате со животите на другите луѓе? Размислете за тоа.

Лажење
Кого лажеш и зошто? Ако мислите дека вистината боли, тогаш подобро „проучете ја“ лагата. Ништо не боли повеќе од тоа. Можете да лажете секого, но знајте дека вистината секогаш излегува на виделина.

Се грижите за работите што сè уште не се случиле
Зошто би ги потрошиле вашето време и енергија грижејќи се за работи што сè уште не се случиле? Грижата е природно чувство/емоција. Ваше е да го контролирате и да го пресечете од корен пред да ве заземе целосно и пред работите да излезат од контрола. Во спротивно, може да дојде до стрес, кој може да биде доста поразителен. Нема потреба за тоа, нели?

Љубомора
На секој чекор, некој има нешто поубаво и подобро од тоа што го имате. Првата реакција на таквата состојба на работите е љубомората. Но, нема потреба од тоа. Секој од нас има нешто убаво што некој друг би сакал да го има. Бидете благодарни за тоа што сте и што имате. Вие сте совршени и благословени токму за тоа. Прегрнете го.

Негативност
Не е толку лошо! Обидете се да најдете добро во секојдневните работи, а кога ќе почнете да го правите тоа ќе видите дека повеќе добри работи ќе се појават и ќе се случат во вашиот живот. Тоа е универзален закон. Негативноста ја троши енергијата и токму тоа е причината поради која сè повеќе луѓе ве избегнуваат. Дали навистина вреди?

Самоомраза
Внимавајте како се однесувате кон себе. Погрижете се да се обраќате со зборови полни со добрина, љубов и позитивни емоции. Омразата кон себе е веројатно најлошото нешто што можете да го направите. Однесувајте се кон себе на сосема позитивен начин. Кога ќе го направите тоа, ќе видите колку навистина сте спектакуларни и колку поспектакуларни ќе станете.

Овие обрасци на однесување вклучуваат работи што голем број луѓе ги прават на дневна основа. Следниот пат кога ќе сфатите дека правите нешто од горенаведеното, веднаш престанете. „Свртете ги“ мислите на другата страна и кажете си дека вашата душа (вистинскиот вие) е убава и заслужува само мисли полни со добрина, убавина и љубов.

Штом ќе стане навика, за кратко време ќе видите дека сте душа осветлена од убавината, и нема да има ни трага од ментален немир!

Прегледи:
375
Објавено на:
21.02.2022