Категории

Секс со бившиот партнер – Слабост, возбуда или забрането овошје?

Ако старата љубов сеуште не е заборавена, бившиот партнер може да не привлече од неколку причини: љубомората спрема неговата нова партнерка, страв од самотија, чувство на вина, обид повторно да го придобиеме, копнеж за љубов, уживање, утеха, сочувство…

Сексот со бившиот, дури и ако можеме без него, може да биде многу привлечен.
Ни нуди возбуда на забрането овошје, напнатост дали сеуште се сеќаваме или се променил, моќ и потврда „сеуште не може да ми одолее“, задоволство без обврски, освета „да му покажеш што пропушта“, продолжение на приказната иако е во нова врска сеуште не може да го заборави минатото.

Кои се можните последици од тоа да имате секс со бившио партнер
Некои жени го гледаат сексот со поранешниот партнер како слабост. На други тоа им е сосема нормално привремено да спијат со бившиот – биле толку долго заедно па сега ќе го продолжат „пријателството“. Некои се прагматични, зошто не би спиела со него ако во тоа уживаме и двата?

Не постои правилно или погрешно однесување. За двата партнери е важно да знаат што да очекуваат. Што значи секс со бившиот? Дали е тоа само секс или желба за партнерот да се врати назад? Дали тоа може да ве спречи да имате нова врска?

Двата партнерни мора да имаат еднакви очекувања за да не дојде до разочарување. Ако сте во нова врска, секако би требало да ги поставите следните три прашања: Што сексот со бившиот значи за новата врска? Дали би можел да го повреди партнерот? Дали ви недостига нешто во сексот со новиот партнер? Дали воопшто му давате шанса на новиот партнер? Дали сексот со бившиот може да ве оддалечи од новиот партнер?

Прегледи:
598
Објавено на:
15.11.2020