Категории

Секси дневен стајлинг – Ирина Шајк повторно заблеска на њујоршките улици

Познатата манекенка знае добро како да ги искористи последните топли есенски денови кога е во прашање модниот избор.

Руската манекенка беше забележана како ја зема својата ќеркичка Леа од училиште. Бидејќи денот беше прилично топол и сончев, ирина избра дводелен комплет од здолниште и маица од свила во неон жолта нијанса од брендот Cami NYC кои ги искомбинира со црн блејзер од брендот J Brand x Elsa Hosk. Бидејќи таа е голем поборник на удобноста, наместо високи потпетици носеше рамни сандали од брендот Reformation.