Категории

Секси вибрации од ’80тите во новата колекција на Saint Laurent

Новиот креативен директор на францускиот бренд Saint Laurent изненади со својата најнова колекција во која воведе драстични промени за кои се шпекулираше долго. Модните следбеници со нетрпение ја исчекуваа оваа колекција во која дизајнерот направи вистински пресврт во духот на брендот, враќајќи ги вибрациите од ’80тите. Кожа, металик нијанси, нагласени раменици во провокативни димензии беа сето она кое што сите ги остави позитивно изненадени. Со оглед на тоа што сите беа будно заинтересирани за исходот на промената во тимот која ја направи модната куќа, стремежот на Антонио Вакарела да донесе свежина во своите креации очигледно беше доста голем предизвик кој видно се оствари.

Прегледи:
591
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
01.10.2016