Категории

Селена Гомез во тропско издание за модната библија

Селена Гомез позираше во заводливо тропско издание за магазинот Vogue популарно наречен модна библија.
Познатата американска музичарка и актерка своите први стапки во светот на шоу бизнисот ги започна како лик од Дизниевите серии, а после тоа таа се здоби со вртоглава популарност. Таа неколку пати до сега се најде на насловните страници на легендарното списание, но за прв пат овој Април ќе ја краси насловната страница на американското издание.
Мини едиторијалот беше снимен на Хаваите додека Селена заведува во прекрасни цветни фустани и костими кои мамат летни весели вибрации. Таа за прв пат се отвори и проговори за своето ментално здравје и колку се чувствува осамено и истоштено од бројните турнеи ширум светот.. „Мојот живот поминува на сцена, позади сцената едвај имам време за себе од премногу умор..“ Таа им се обрати и на своите фанови на кои им се заблагодари за нивната поддршка, и бројот на нејзините следачи на Инстаграм кој достигна го собори рекордот на позната личност со најмногу следачи на социјалната мрежа..

Прегледи:
292
Објавено на:
19.03.2017