Категории

Сенфот како лек, еве за што може да ви помогне

Сенфот ја намалува температурата, ја ублажува главоболката и помага при отежнато голтање. Може да го користите и кога ќе се изгорите, само треба да нанесете подебел слој и болката ќе престане.

Освен во кујната, сенфот може да го користите и на друг начин. Сенфот ја намалува температурата, ја ублажува главоболката и помага при отежнато голтање.

Овој вкусен зачин се прави од лековити билки, со додаток на вода и оцет. Кога ќе се изгорите, нанесете подебел слој и болката ќе исчезне.

Ако ве боли глава, намачкајте на челото и слепоочниците.

Кога сте настинати и ве „гребе“ грлото, голтнете лажичка сенф.

Може да направите и напиток ако помешате сенф со сок од лимон, лажичка сол, мед и сето ова да го измешате со половина чаша топла вода. Почекајте да се олади, па направете гаргара.

Кога имате температура, две лажички сенф помешајте со лажичка морска сол и истурете во када со топла вода. Опуштете се во топла купка 20 минути, а потоа истуширајте се.

Прегледи:
764
Ознаки:
· ·
Објавено на:
11.06.2018