Категории

Сензуална кампања на Balmain пред објективот на Оливие Рустинг

Дизајнерот дебитира како фотограф во новата есенска кампања на брендот. Со само 24 години, Оливие Рустинг стана креативен директор на модната куќа Balmain што го направи најмладиот креативен директор во целиот Париз после Yves Saint Laurent. Откако дојде на оваа позиција пред шест години, се смета дека младиот дизајнер воведе нова дигитална ера во модната куќа. А денес, Оливие го превзеде и местото позади објективот.

За снимањето на кампањата која е посветена на Париз, Оливие фотографира црно-бели кадри на неколку места низ француската престолнина.

“Сакав да ја фотографирам оваа кампања со цел да ја претставам мојата визија на последната колекција и најновите парчиња од истата, воедно и мојата визја на градот кој го нарекувам свој дом”, изјави дизајнерот.

 

 

Прегледи:
328
Објавено на:
15.07.2017